| четврток, 6 декември 2018 |

Тирана на нозе: Торба со натпис „не допирај“

tocka-152864

Лажен аларм за поставена бомба претпладнево ја крена на нозе полицијата во албанската метропола, јави дописникот на МИА од Тирана.

Случајни минувачи ја ивестиле полицијата за оставена сомнителна спортска торба на клупа во паркот „Риниа“(Младост) на која стоел натпис „не допирај“. Првите сомнежи биле дека во торбата има експлозивна направа.

Големи полициски сили од повеќе сектори, меѓу нив и единицата за брза интервенција го обиколиле местото и не дозволувале приближување на граѓани. Од деталната контрола било утврдено дека во торбата имало разни нешта, меѓу нив и книги, но не и експлозивна направа.

Овој настан следува ден по поставениот експлозив во багажникот на автомобил на бизнисмен во Тирана. Околу 200 грама тритол бил поставен во автобоилот како заканувачка порака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top