| четврток, 6 декември 2018 |

„Макфест 2015“ без многу познати пејачки имиња (ФОТО)

Дваесет композиции од вкупно 34, колку што пристигнаа на конкурсот, веќе озбезбедија учество на овогодинешниот фестивал на забавни мелодии „Макфест 2015″. Ова е првпат во последните 15 години, најголем дел од композициите да се изберат преку конкурс.

– Ова зборува за квалитетот на песните, но и за сериозноста на авторите кога во е прашање „Макфест“. Лани имавме 85 песни кои пристигнаа на конкурсот, но беа избрани само 5. Очигледно авторите мислеле дека ќе биде лесно, но ете одеше потешко па другите песни беа нарачани. Оваа година, очигледно авторите поучени од ланското искуство се потрудиле, и направиле подобри песни. На конкурсот пристигнаа 34, а прифатени се 20. Во последните 15-20 години, не се случило на конкурс да има песни со задоволителен квалитет во толкав обем, што секако радува – изјави Драган Ристов, шеф на прес центар на „Макфест“.

 Тој додава дека останатите 10 композиции за „Макфест“  ќе се обезбедат со договори, со нарачки кај одредени автори, исто како и досега.

Од друга страна, пак, според списокот на изведувачи на песните, годинава „Макфест“ ќе помине без познати изведувачи, имајќи предвид дека најпознатите пејачи ќе бидат Ѓоко Танески, Наде Талевска и Верица Пандиловска.

makfest-pesni500 (2)

Годинава „Макфест“ ќе се одржи во јуни а концепцијата останува иста, две полуфинални и една финална вечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top