Кинески бизнисмени купиле 3 острови во странство, преку интернет акција, пренесува ,,Кина дејли”. Бизнисмен од кинеската провинција Џеџанг го закупил островот Фиџи на 99 години за 5 милиони јуани (798.000 долари), а градителскиот махнат од провинцијата Јунан купил острови во Грција и Канада за 6,2 милиони и 1,7 милиони јуани. Пекиншката компанија за недвижнини ,, Ilongterm” на 3 март организирала аукција на најголемата кинеска платформа за онлајн тргување ,,Taobao”, а во понудата биле четири острови. Островите во Грција, Канада и Фиџи се продадени во рок од 12 часа. Островот во Обединетото Кралство, кој е единствениот непродаден, имал почетна цена од 4 милиони јуани, додека останатите 3 острови имале почетна цена од само 1 јуан. На аукцијата имале право да учествуваат сите кинески државјани кои имале депозит од 1.000 juana (159 долари), a за островите наддавале 48 луѓе.
Од компанијата ,,Ilongterm” соопштиле дека учесниците на акцијата биле долгогодишни корисници на платформата ,,Taobao” кои до сега потрошиле околу 10 милиони јуани. Новиот имот повторно ќе се најде на аукција на оваа компанија на крајот на месецот и во мај.
Кинезите покажуваат се поголем интерес островите во странство, кои воглавно се продаваат без никакви ограничувања, додека островите во Кина се даваат на закуп на 50 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.