Европската унија воведува нови санкции врз сирискиот режим и негови поддржувачи поради влошување на ситуацијата во Сирија.
Советот на ЕУ соопшти дека се воведува забрана за патување на седуммина физички лица и се замрзнуваат нивните сметки, како и сметките на уште шест правни лица – банки, компании и институции.
Лицата и институциите, кои се опфатени со санкциите, ќе бидат познати утре кога ќе се објават во Службен весник на ЕУ.
Тие ќе бидат ставени во црниот список на Унијата, кој веќе вклучува 211 физички и 63 правни лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.