Италијанскиот амбасадор во Македонија, Ернесто Белели, денеска во Куманово додели околу 300 книги за учениците и наставниот кадар кои го изучуваат италијанскиот јазик.
По посетата на Куманово, амбасадорот Белели информираше дека го поканил градоначалникот Зоран Дамјановски да го посети „Експо 2015“ во Милано бидејќи на тој начин општината ќе може да ја искористи можноста за проширување на можностите за развој на градот.
– Дискутиравме за можностите за користење европски фондови, како што е образовната програма „Еразмо плус“ со цел размената на студенти – рече Белели.
Посочи дека во Куманово веќе функционираат италијански компании и дека е добро работниците да го знаат италијанскиот јазик, а нагласи и дека Македонците се квалификувани и одлични работници.
Кумановскиот градоначалник, Зоран Дамјановски, информираше дека го запознал амбасадорот со специфичностите на општината и за тоа дека
во добар дел од училиштата се изучува италијанскиот јазик.
Дамјановски и Белели разговарале за соработката на кумановската гимназија со италијанско средно училиште, за постоењето комбинат во чевларската индустрија во поранешната фабрика „Чик“ и за можностите за соработка со други региони во Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.