Македонската атлетичарка Христина Ристеска трчаше послабо од личниот рекорд и го освои последното место во квалификациската трка на 400 метри на Европското првенство во сала, кое е во тек во Прага.
Од 28 атлетичарки Ристеска забележи најслабо време од 57,95 секунди, доволно за фенерот. Најдоброто остварување на Христина е 57,86 секунди.
Заедно со неа на ЕП нѐ претставува и Ристе Пандев, а тој треба да настапи утре во квалификациската трка на 60 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.