| четврток, 6 декември 2018 |

Медицинска сестра во Србија итно префрлена на Инфективно, се претпоставува дека има свински грип

lekari-bolnica

Една пациентка итно била префрлена на Инфективната клиника во Ниш поради сомнение дека боледува од свински грип.

Директорот на болницата, Небојша Димитријевиќ, изјавил дека пациентката била префрлена минатата ноќ, а дека клиничката слика укажува дека постои можност таа да заболела од вирусот на грип од типт Х1Н1, но дека дијагнозата уште не е потврдена.

Инаку, пациентката е медицинска сестра во Здравствениот дом во Лебан. Таа вчера имала висока температура.

Синоќа 36-годишен пациент од Парачин, кој се лекувал до грип, починал во Крагујевац, а пред два дена почина бремена жена од околината на Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top