Утре ќе биде објавен јавен повик, а компаниите имаат рок од 45 дена да се пријават и да аплицираат.
– Овој втор циклус ќе донесе позитивни ефекти за македонската економија, отворање нови пазари за компаниите, подобрување на деловниот перформанс, поголем профит, но и отворање нови работни места – истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Овојпат огласот се однесува за малите и за средните претпријатија, односно ќе можат да аплицираат компании кои имаат од 5 до 250 вработени, постојат најмалку 2 години и имаат 51 процент домашен капитал.
Ѓорѓиев нагласи дека компаниите што имаат интерес за ангажирање странски експерти ќе бидат ослободени од плаќање на најголем дел од трошоците, односно дневниците за експертот и трошоците за транспорт од европската земја од која доаѓа експертот до Македонија и назад.
Тој истакна дека како Влада се задоволни од реализацијата на првиот циклус од овој проект, во кој се пријавиле 98 компании, а 85 проценти од нив изразиле потреба за продолжување на ангажирањето странски експерти во нивната компанија.
За потенцирање е и дека 87 проценти од компаниите истакнале дека како резултат на работата со странските експерти отвориле нови работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владините субвенции го кренаа земјоделството на нозе – научната јавност ја поздравува нивната распределба
-
Иванов се запиша во историјата како бранител на државните интереси!
-
99 отсто од децата пијат премногу млеко
-
Според експертите: Граѓаните ќе гласаат за завршување на кризата и решавање на проблемите