| четврток, 6 декември 2018 |

Исламска држава уништи древен асириски град во Ирак

06nimrud-articleLargeЕкстремистичката група Исламска држава почна денеска со уништување на древниот асириски град Нимруд во Ирак, соопшти ирачката vлада, што е најнов напад на џихадистите врз културното наследство на оваа блискоистична држава.

ИД го нападна историскиот град Нимруд и го уништи со тешки возила, соопшти ирачкото Министерство за туризам и антиквитети.

Ирачки претставник ја потврди оваа информација истакнувајќи дека уништувањето почнало по молитвата на пладне и оти камиони, на кои веројатно се одвлечени уметничките предмети, се забележани на местото.

– Засега, не знаеме во кој обем e тој уништен – рече претставник кој инсистираше да остане анонимен.

Нимруд, кој е основан во 13 век пред новата ера, се наоѓа на реката Тигар, околу 30 километри југоисточно од Мосул, втор по големина ирачки град и упориште на ИД во земјата.

Уништувањето на Нимруд, скапоценост на асириската ера, следуваше една недела откако џихадистичката група објави видеоснимка на која се гледаат екстремисти како со бушилки уништуваат непроценливи древни уметнички предмети во музејот во Мосул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top