Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Стража и на патните правци крак Маврово – Дебар и Тетово – Попова Шапка, каде што има и забрана за движење на автобуси.
На патниот правец Тетово – Јажинце е задолжителна употребата на зимска опрема за тешките товарни возила.
Според информациите добиени во АМСМ од ЈП „Македонија пат“, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Снег со слаб интензитет паѓа во северозападниот и во југозападниот дел од државата, наместа со остатоци од снег на коловозите.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците што минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде што е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.