| четврток, 6 декември 2018 |

Сведоштва на мигрантите уапсени во воз кај Велес

имигрантиШеесетина мигранти од Авганистан денеска се уапсени во патнички воз кој  сообраќал на релацијата Гевгелија – Скопје. Сите патувале со патнички билет кој го купиле на станицата во Гевгелија.

Меѓу нив имало голем број семејства, маж, жена и малолетни деца. Сите тие, повеќето млади, тврделе дека бегаат кон земјите на ЕУ, во потрага по подобра иднина, подалеку од сиромаштијата во родната земја. Од железничарите можеше да се дознае дека во возот имало 59 бегалци.

Некои се обиделе да бегаат, но полицијата ги фатила.

Дел од мигрантите сведочат за ужасите од кои бегаат.

-Таму владее законот на дивината, нема шанси за нормален живот, градот е разурнат, нè уценуваат и насила нè тераат да се бориме, да гинеме, иако не го сакаме тоа, вели жена од градот Алепо, Сирија, која е лекар по професија.

– Или едната страна бара да заминеме со нив да се бориме или другата. И што да се прави. Затоа се решаваме на ваков чин. Патот е долг и неизвесен, но тоа е единственото решение. Не прашуваат дали сакаш, туку само доаѓаат, мобилизираат, даваат пушка и се бориш. Нема врска дали си маж или жена, а ги земаат и децата ако се над 16 години. Против кого да се борам. Во прашање е живот или смрт. Затоа и бегаме. Сакаме достоинствен живот – вели Сиријката од Алепо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top