| четврток, 6 декември 2018 |

Русија ги обвинува „МекДоналдс“ и „Кока-Кола“ дека водат војна против земјата

mcdonalds-moskvaСоветник на рускиот премиер Дмитриј Медведев ги обвини денеска американскиот гигант во областа за брза храна „МекДоналдс“ и компанијата „Кока-кола“ дека водат „војна“ против Русија.

Ова се случува во момент на големи тензии меѓу САД и Русија поради кризата во Украина.

– Нивниот агресивен маркетинг, кој нема ништо заедничко со руските традиции на исхраната, е спореден со воена операција против нашиот народ, изјави Генадиј Онишченко, поранешен шеф на Руската служба за заштита на потрошувачите.

medvedev-obama-rays-hell-burger

Неодамна Медведев и Обама се сладеа со брза храна

Онишченко минатото лето изјави дека „Кока-Кола“ и „Пепси“ се „вистинско хемиско оружје“, изразувајќи жалење што нивните пијалоци не се на списокот на производи, опфатени со ембаргото, кое Русија го најави за некои увозни прехранбени продукти.

Во август минатата година Москва воведе ембарго врз увозот на прехранбени производи од ЕУ и САД, кои пак наложија низа санкции, обвинувајќи го Кремљ за воена поддршка на проруските бунтовници во источниот дел на Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top