| четврток, 6 декември 2018 |

Поплава за 30 минути однесе 42 животи

poplava afrikaВо поплавите предизвикани од големата 30-минутна бура во Танзанија загинаа најмалку 42 лица во подрачјето во близина на езерото Викторија во округот Кахама, соопштија денеска официјални претставници.

Исто невреме во вторникот ноќта ги остави 900 луѓе без покрив над главата и уништи 160 куќи, соопшти Танзаниската метеоролошка агенција.

Шефот на државата Џакаја Киквете изрази сочувство до семејствата на жртвите и вети дека Владата ќе напрви се за да им помогне на загрозените од поплавите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top