Во Србија има околу 200.000 парчиња нелегално оружје, изјави денеска Зорица Лончар-Касалица од Министерството за внатрешни работи.
Таа изрази оптимизам дека сопствениците не нелегално оружје ќе го искористат тримесечниот рок за легализирање на оружјето.
Српското МВР вчера соопшти дека сите физички и правнио лица, сопственици на оружје во следните три месеци ќе можат да го предадат или да го регистрираат оружјето во полициска станица без да им се бара одговорност за незаконско поседување.
Лончар-Касалица истакна дека последната легализација на оружје била извршена во 2007 година, кога биле предадени околу 8.000 парчиња оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.