| четврток, 6 декември 2018 |

„Моја Македонија“- нова кампања на УМС за промоција на убавините на нашата земја (ФОТО)

На социјалните мрежи денес започна кампања на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Моја Македонија“.

print.jpg500

Слики со убавините на Македонија масовно се споделуваат на социјалните мрежи од страна на младите.

print.jpg500 (1)

Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ ни изјавија дека оваа кампања ја започнуваат се со цел промовирање на убавините на Македонија и културното наследство.

1print.jpg500

Исто така најавија дека, оваа активност ќе продолжи и наредниве неколку недели со што поголем број на слики од целата територија на Македонија кои се од непроценливо богатсво за нашата земја.

2print.jpg500

Целта е да допрат до што повеќе корисници на социјалните мрежи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top