Еден од блоковите на РЕК „Битола“ што вчера беше исклучен веќе е ставен повторно во функција. На другиот во завршна фаза се активностите за пуштање во производство, додека третиот е сосема технички исправен и подготвен да влезе во производство доколку има потреба, информираат од ЕЛЕМ.
– По краткиот вчерашен застој, еден од двата енергетски блока на РЕК „Битола“ денеска е приклучен на мрежа и работи во согласност со потребите од електрична енергија на тарифните потрошувачи во земјата. На другиот енергетски блок активностите за пуштање во производство се во завршна фаза и се очекува за кратко време да биде синхронизиран на електро-енергетскиот систем, додека третиот блок е сосема технички исправен и подготвен да влезе во производство до крајот на денешниот ден, ако системот има потреба од дополнителни количини електрична енергија – соопшти ЕЛЕМ.
Оттаму нагласуваат дека другите нивни производствени капацитети во целост ја задоволуваат потребата од електрична енергија на тарифните потрошувачи во земјата и нагласуваат дека во текот на вчерашниот ден немаше потреба од дополнителен увоз на електрична енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.