Министерството за здравство на Малезија соопшти дека е забранет увоз на американски јаболка од минатогодишната берба, бидејки дел од овие плодови биле заразени со опасната бактерија листерија. Потврда за опасноста од консумирање малезиските здравствени власти добиле и од официјалната Агенција за храна на САД.
Забрана за увоз и продажба на јаболка од САД кон крајот на минатиот месец беше донесена на Филипините и во Тајланд. Медиумите во овие држави наведуваат дека постои сомнеж дека и покрај забраната неколку илјади тони од сомнителните плодови ќе се најдат во продавниците. Бидејки се работи само за два вида јаболка за кои е утвредено дека се заразени, увозниците ги смениле декларациите и на пазарот ги пласирале без наведување на брендот на јаболката.
Со бактеријата листерија во САД, најмногу во Калифорнија, биле заразени јаболката од типот грени смит.
Соединетите Американски Држави со над 4 милиони тони годишно се, по Кина, втор по големина производител на јаболка во светот. Од вкупното светско производство од 63 милиони тони јаболка, во Кина се добиваат 37 милиони тони годишно. На врвот на листатата на најголеми производители, со над 2 милиони тони годишно, се Турција, Полска и Индија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Компании од Бразил добиле забрана за извоз на месо во Македонија поради небезбедно месо
-
Србија од утре воведува контрамерки кон Македонија поради отежнатниот увоз на брашно
-
АХВ: Одземена лиценцата за извоз на месо на бразилска компанија
-
Паднал од дрво додека берел јаболка: 87-годишен маж почина на КАРИЛ