Соединетите Американски Држави во рамки на операцијата „Атлантска решителност“ планираат да испратат војска во Романија, Бугарија, Унгарија, Грузија и во Чешка, јавија чешките медиуми.
Планирано е проширување на воените вежби кои почнаа минатиот април со учество на САД, Полска и на балтичките држави за да се избегне руската закана.
Дел од американскиот проект се заедничките маневри и заедничката обука на војниците, зголемена активност на морнарицата на САД во Балтичко и во Црно Море, модернизација на европските бази и поддршка на Грузија, Молдавија и нс Украина, како земји кои имаат затегнати односи со Москва.
Американските војници се постојано присутни во Романија, во база во Констанца, на брегот на Црно Море и нивниот број од илјада ќе се зголеми за уште 1.500 војници.
Во Европа се наоѓаат околу 67.000 американски војници, од кои повеќето се под европска команда.
Разместување воени единици во земјите од Источна Европа, кои би можеле да одговорат на каков било напад, планира и НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


