| четврток, 6 декември 2018 |

ИД има регрутни центри во Албанија, тврди италијански обвинител

ид

Џихадистичката група Исламска држава има активни регрутни центри, како во Италија, така и во Албанија, тврди јавниот обвинител на италијанскиот град Бреша, Луиџи Марија Дел’Осо во изјава за дневниот весник „Кориеа дела Сера“.

Како што пренесува тиранската телевизија Топ–чанел, Дел’Осо во изјавата нагласува дека истрагата продолжува и оти Албанија е „невралгична точка од оваа мрежа“.

– Во Албанија се врши пропаганда, регрутирање и обука на дел од лицата, кои потоа се упатуваат на боиштата во Сирија, Либија и Ирак. Откривме дека контактите на дел од лицата кои се занимаваат со регрутирање стигнуваат и до Бреша, по што почнавме заедничка истрага со албанските власти – изјави обвинителот.

Како што јави дописникот на МИА, Дел’Осо го нагласува фактот дека кога станува збор за тероризам треба да се мисли и на изворите на финасирање.

Следејќи ја оваа линија исрагата го довела Обвинителството до тренсфер на пари во неколку агенции, кои според Дел’Осо, во добар дел се правеле со лажни документи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top