| четврток, 6 декември 2018 |

Турски авион не ја погоди пистата при слетување во Непал

Авион на компанијата „Туркиш ерлајнс“ со 238 патници денеска не ја погоди пистата при слетување на аеродромот во Катманду и се приземји во блиско поле.

Некои од патниците поминале со полесни повреди.

При слетувањето имало густа магла, а пистата била лизгава по дводневните дождови.

Авионот полетал од Истанбул и по седумчасовен лет половина час кружел над Непал пред да се приземји од вториот обид.

Меѓународниот аеродром во Катманду е затворен по овој инцидент.

На социјалните мрежи се објавени фотографии на турскиот авион на кои се гледа дека предниот дел на леталото е оштетен, а локални медиуми наведуваат дека при слетувањето откажале сопирачките.

Патниците наведуваат дека по слетувањето во авионот се појавил чад, поради што луѓето тешко дишеле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top