| четврток, 6 декември 2018 |

Јанакиески: Односите со Ставрески ни се одлични

Mile-Janakieski-int115-3
Актуелните телефонски разговори кои ги објавува опозициската СДСМ се класичен монтиран случај во соработка со странски служби. Имам одлични односи со министерот за финасии, Зоран Ставрески, кој воедно го сметам и како дел од своето семејство, посочи денеска министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, одговарајќи на новинарско прашање.
Тој додаде:
– Можам да истакна дека, покрај тоа што ми е колега, јас го чувствувам Ставрески и како многу близок пријател, кој е дел од моето семејство. И натаму односите ни се одлични.

Јанакиески вели дека Ставрески е еден од неговите подобри соработници со кого дискутираат буквално за сите проекти и наоѓаат средства за реализирање на сите проекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top