| четврток, 6 декември 2018 |

Грција: Додека ние се бориме, Македонија го исплати долгот кон ММФ

MMF

Додека Грција се бори да излезе на крај со празен буџет и, најверојатно, се подготвува за нов заем од меѓународните кредитори, Македонија го отплати својот долг, и тоа 13 месеци порано, пишуваат грчките медиуми јавувајќи за предвремената отплата на долгот кон ММФ од страна на македонските власти и во исто време ја пренесуваат изјавата на директорката на Фондот, Кристин Лагард.

– Ја поздравувам одлуката на ПЈР Македонија предвреме да ги отплати своите обврски кон Фондот, што го одразува подобрениот пристап на земјата на меѓународните пазари на капитал. Со нетрпение очекуваме да го продолжиме блискиот и конструктивен дијалог со македонските власти – истакна Лагард.

Во Грција се информира дека отплатата на последната рата од кредитната линија за внимателност, вредна 174 милиони долари, е завршена на крајот од февруари, односно 13 месеци пред крајниот рок во март 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top