| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Преку аргументи и различни мислења се одбира најдоброто за граѓаните

stavre1
Луѓето во Владата имаат различни мислења, министерот за финансии и премиерот имаат различни мислења, министрите за транспорт и врски, екомонија и финансии имаат некогаш различни мислења, но ние сите тие мислења ги ставаме на маса, ги дебатираме работите, ги разменуваме аргументите, се сосолушуваме, секој има своја позиција и секој ги изнесува своите аргументи, посочи вицепремиерот и миснитер за финансии Зоран Ставрески на денешната прес-конференција.

Понекогаш, како што рече тој, таквите дебати можат да бидат и пожолчни, а понегогаш помирни, и дебатата некогаш трае со денови, некогаш со часови, но дека на крајот единствено и заедничко на се е дека врз база на аргументи се бира најдоброто решение што е за граѓаните на Р.Македонија и она што е во склад со програмата на Владата на РМ.

Програмата за работа на Владата вклучува проекти во сите сектори. Притоа, како што објасни вицепремиерот, се води сметка секаде да се даде максимумот, да се проектираат колку што може повеќе средства и тој процес не е еднонасочен. И покрај проектот „Скопје 2014“, не беше запоставен ниту еден сектор, се одвојуваа пари за опрема во здравството, за лаборатории во образованието, за дисперзирани студии,…

– Секој од Владата учествува во креирањето на програмата. Природно е, во сите земји, министрите и премиерот да сакаат секогаш повеќе пари за сите проекти. Така беше и за пензиите, премиерот сакаше повеќе, но поразговараме и заедно дојдовме до констатција што е реално можно, тоа им го кажавме на граѓаните и тие ја поддржаа да програма, истакна Ставрески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top