Бизнисмените да не се плашат од уцените на лидерот на СДСМ, Зоран Заев – порача на денешната прес-конференција вицепремиерот Зоран Ставрески.
Тој посочи дека владата инвестира во секоја можна сфера.
– Државата не е пред колапс, ниту пред банкрот. Граѓаните треба да се водат од реалноста, од она што го гледаат, од аргументите и фактите кои велат дека последниве години невработеноста а намалена за една третина, креирани се 125 илјади работни места, во земјава како резултат на реформите дојдоа над 30 странски компании, државниот долг е под 35 проценти од БДП или меѓу четирите најниски во Европа. И тоа покажува на каков начин сме се справиле со тој предизвик, кога во соседствто и во многу земји од Европа јавниот долг достигнува над 100 проценти, истакна Ставрески.
Ставрески потенцираше дека Буџетот е во одлична кондиција и како што беше објавено завчера, таа одлична кондиција на македонската економија и на Буџетот обезбедила предвреме да го вратиме долгот кон ММФ.
Тој додаде дека премиерот и сите министри секогаш се залагаат за што поголем број на проекти и поголеми придобивки за народот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст