Паради технички зафати во електро-системот, утре (03.03.2015) без електрична енергија ќе бидат неколку улици во општина Центар, дел од селото Сандево и деве улици во општина Гази Баба, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Од 08:30 до 09:30 часот, без струја ќе биде ул. Бел Камен бр. 3 и бр. 5. (општина Центар ), додека од 08:30 – 11:00 часот, бул. Митрополит Теодосиј Гологанов (делот околу Клубот на пратеници).
Од 09 до 13 часот, нема да имаат струја корисниците од ул. Коле Неделковски и Киро Крстевски во општина Центар.
Дел од селото Сандево утре од 09:30 до 14:30 часот нема да имааат струја, а во терминот од 10:30 до 11:30 часот дел од ул. Пролет во општина Центар.
Без струја во периодот од 11:30 до 15 часот, ќе бидат и делови од ул. Среќко Пужалка и ул. Товарник во општина Гази Баба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.