| четврток, 6 декември 2018 |

Пратениците изгласаа измени и дополнувања на повеќе закони

Пратениците им дадоа поддршка и на измените и дополнувањата на законите за просветна инспекција, за работни односи, за инспекција на труд, за превенција, спречување и заштита од семејно насилство и за социјална заштита

pratenici-500

Собранието на Република Македонија попладнево, во рамки на 37. седница, ги донесе измените и дополнувањата на законите за шуми, за безбедност на храната за животни и за шумарска и ловна инспекција, како и дополнувањата на законите за ловство и за Државниот инпекторат за земјоделство.

Пратениците им дадоа поддршка и на измените и дополнувањата на законите за просветна инспекција, за работни односи, за инспекција на труд, за превенција, спречување и заштита од семејно насилство и за социјална заштита.

Собранието на седницата ги разгледа и измените и дополнувањата на Законот за царинска тарифа, како и на Законот за иновациска дејност, по што констатира дека можат да се дадат на натамошно, второ читање.

Како што беше речено во текот на расправата, со измените и дополнувањата на Законот за иновациска дејност освен што се допрецизираат постојните одредби, се предвидува и ангажирање лица кои ќе му помагаат на Фондот при изборот на компаниите кои ќе аплицираат за средства.

Целта е помагање на физички лица кои првпат сакаат да формираат трговско друштво и обезбедување инвестициска, едукативна и логистичка поддршкана за правни лица.

– Со измените ќе се подигне нивото на работење на Фондот, ќе се институционализира ангажирањето на стручни лица со што ќе се зголеми транспарентноста при доделувањето грантови, а тоа ќе ги разбие фамите дека средства се добиваат по некакви непознати патишта или се даваат на некомпетентни луѓе. Воедно, ќе се зголеми и иновациската активност воопшто што е од големо знчање за државата, рече пратеникот Андон Чибишев.

Седницата, како што најави претседателот на Собранието Трајко Вељноски, ќе продолќи утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top