| четврток, 6 декември 2018 |

Едно лице загина во сообраќајна несреќа кај Тремник

Утринава околу 7,20 часот на автопатот Е-75 се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубило едно лице, кое управувавајќи возило со штипски регистарски таблички излетало од патот и се здобило со смртоносни последици, објави „Неготиноинфо“. Во 7,30 часот на самото место пристигнала екипа на Брзата помош од Здравствениот дом од Неготино, а 10 минути подоцна и припадници на ТППЕ-Неготино, но за првите веќе било доцна да интервенираат бидејќи лицето починало на местото на настанот, додека припадниците на противпожарната единица чекаат одобрение да интервенираат по доаѓањето на јавен обвинител од Обвинителството во Кавадарци, кој треба да изврши увид на лице место и да ги утврди причините за настанувањето на сообраќајната несреќа. Како што дознава „Неготиноинфо“ сè уште не е утврден идентитетот на лицето што го загуби животот во несреќата се случи денес во раните утрински часови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top