| четврток, 6 декември 2018 |

Ослободени 19 христијани во Сирија

Исламска држава вчера ослободи 19 христијани од групата од повеќе од 220 лица, кои беа киднапирани минатата недела во села североисточна Сирија.

Претставник ан Демократската органзиација на Асирците, Башир Саеди изјави дека три жени и 16 мажи пристигнале во црквата во Хасака, град во близина на нападнатите села. Тој истакна дека тие биле киднапирани додека патувале со автобус од градот Шададех до Хасака.

Веста за ослободувањето на 19 христијани ја потврди и Мрежата за човекови права на Асирците, со седиште во Шведска. Мрежата тврди дека тие се ослободени откако дале неодредена сума пари, како данок што им се наплаќа на немуслиманите.

Се уште непозната е судбината на над 200 киднапирани христијани, а се претпоставува дека поголемиот број од нив се во Шададех, 50 јужно од Хасака. Киднапирањата се извршени кога ИД ја презеде контролата од курдските сили над 10 села населени со христијани.

Во Сирија имаше околу 30.000 Асирци и приближно 1,2 милиони христијани пред почетокот на граѓанската војна во 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top