За лозарството досега се исплатени речиси 400 милиони денари, а од утре почнува исплатата на дополнителни 150 милиони денари, најави денеска премиерот Никола Груевски, пренесува МИА.
Одговорајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на локалниот пат меѓу селата Страгово и Крњево, Груевски нагласи дека најголем дел од овие средства се за лозарите во кавадaрeчкиот регион.
– Се работи за остварување на тоа што го имаме ветено во овој крај, дека во целост и навреме ќе ги поддржиме лозарите и другите земјоделци. Исплаќањето на субвенциите оди според предвидената динамика, така и ќе прoдолжи. Тоа што сме го зацртале и што сме го ветиле, ќе го оствариме и го остваруваме досега, напомена Груевски.
За растителното производство, додаде, вкупно ќе бидат исплатени 850 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии