| четврток, 6 декември 2018 |

Џихад Џон сакал да се самоубие во 2010-та

Мохамед Емуази, мистериозниот маскиран џелат  на “Исламска држава”, стана познат како Џихадистот Џон, кој планирал да изврши самоубиство во 2010 година, бидејќи секое негово движење било на трага од британските служби за безбедност, пишува неделното издание на Дејли Меил.

Човекот кој се појави во неколку видео со обезглавувањето на заложници, напишал во 2010 година во е-мејл до новинар од булеварски  весник дека се чувствува како мртовец и невина жртва на МИ5.

-Се чувствувам како жив  мртовец. Не ми е страв дека ќе ме убијат, туку дека некој ден ќе земам доволно апчиња за да заспијам засекогаш! Само сакам да се ослободам од овие луѓе, напишал тој во меилот до новинарот Роберт Веркајк испратен на 14 декември 2010 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top