Полицијата трага по крадецот кој од сефот на НУБ „Св. Климент Охридски“ украл пиштол марка „црвена застава“, пишува „Дневник“.Основниот проблем е тоа што не се знае кога точно се извршила кражбата, бидејќи никој од Библиотеката не знае кога го снемало пиштолот. Кражбата била пријавена во петокот, но како што било наведено во пријавата пиштолот го немало последниве три години. Се претпоставува дека пиштолот е украден од сефот на Библиотеката кој бил оставен отворен, а истиот се проценува на околу 30.000 денари. Во тек се мерки за изнаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.