Претседателот на Венецуела Николас Мадуро објави воведување влезни визи за државјани на САД и побара скратување на американскиот дипломатски персонал во Каракас.
Во јавно обраќање, Мадуро рече дека на некои Американци ќе им се забрани влез на територијата на Венецуела.
– Неколку политички лидери на САД, кои ги нарушиле човековите права, бомбардирајќи земји како Сирија,Ирак и Авганистан, нема да можат да влезат во Венецуела, затоа што се терористи – рече Мадуро.
Претседателот ги наведе имињата на Џорџ Буш, потпретседателот Дик Чејни и двајцата републикански конгресмени Боб Мелендес и Марко Рубио.
Венецуела и САД немаат разменето амбасадори од 2010 година, но одржуваат дипломатски односи преку пониски рангови на дипломати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.