| четврток, 6 декември 2018 |

Лондон се плаши од Москва

mi 6Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба Ми-6, Џон Сојерс, предупреди дека Русија станала опасност за Велика Британија и побара поголем буџет за сопствената и одбраната на британските сојузници, но апелираше проблемите со Русија да се решаваат со дијалог.

Во меѓувреме, во Донбас почна нова фаза на повлекување на оружјето. Самопрогласената проруска власт обвинува за еднострана активност.

„Во согласност со договорот за истовремено повлекување на двете страни, уште немаме докази дека украинската војска ја повлекува тешката артилерија од фронтот“, изјави Едуард Басурин, портпарол на ДНР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top