| четврток, 6 декември 2018 |

Мирен протест на ПЕГИДА во Британија

pegidaАнтиисламистичкото движење „Патриоски Европејци против исламизација на Западот“ (ПЕГИДА), формирано во Германија, одржа денеска први демонстрации на британско тло, на кои присуствуваа околу 400 луѓе и кои поминаа мирно.

На контрамитинг, против собирот на ПЕГИДА, во Њукасл се собраа 2.000 луѓе.

Беше забележано засилено присуство на полицијата поради двата протеста, чии учесници се држени раздвоени, а двата собира поминаа мирно.

Иако огранокот на ПЕГИДА во Британија е малку застапен во државните медиуми, Фејсбук страницата на тоа движење во Обединетото кралство има над 17.000 приврзаници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top