Откако минатата недела кошаркарите на Кожув и Работнички играа во финалето на Купот на Македонија, овој пат двете екипи ќе се сретнат во дерби натпреварот од 15.коло на Првата македонска лига.
Гевгеличани ќе се обидат да ја искористат предноста на домашниот терен и да му се реваншираат на Работнички за поразот во куп финалето. Средбата ќе се игра вечерва во терминот од 20 часот и е последната од денешната програма.
Претходно, од 18 часот во Кавадарци, Фени Индустри го пречекува штипски Гоце Делчев, додека од 19 часот ќе започне средбата Карпош Соколи – Водњански лисици.
Поради настапот на шампионот МЗТ Скопје Аеродром во регионалната АБА лига, дуелот меѓу Струмица и МЗТ Скопје ќе се игра во среда (4 март).
Слободна во ова коло е екипата на Куманово.
Табела:
Работнички 21 бодови,
МЗТ Скопје А. 21,
Карпош Соколи 20,
Фени Индустри 20,
Куманово 19,
Кожув 18,
Гоце Делчев 16,
Струмица 16
Водњански лисици 14.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.