| четврток, 6 декември 2018 |

Заев потврди соработка со странски служби

zaev-pred-javno-obvinitelstvo-8

Веќе две недели и пет прес конференции Зоран Заев манипулира со вниманието на јавноста, најавувајќи ѝ „бомбастични докази за криминал на власта“, за потоа да ја забавува со обработени приватни разговори. Секако тоа можеби и би било интересно и смешно за сето тоа да не се материјали добиени со тајно снимање на телефонски разговори од странски разузнувачки служби.

Со овие негови стендап настапи, Заев се обидува да ја забошоти реалноста. Да искреира ситуација во која тој ќе сокрие дека е дел од групата која го разорила безбедносниот систем и кој со помош на странски служби се обиде да изврши, со речник на разузнувачите, тивок преврат.

Да се потсетиме, Заев снимките ги добил од странски служби и се обиде со нив да ја уценува легитимно избраната власт да ја турне од власта. Токму тоа беше и причината за акцијата „Пуч“, во која Заев е обвинет, за тоа му е одземен пасошот, а заедно со него е обвинет и поранешниот прв разузнувач Зоран Верушевски, неговата сопруга, еден соработник на Заев од општината Струмица, за подоцна на оваа тајфа да и бидат приклучени во случајот и двајца оперативци од македонските безбедносни служби.

Заев уште на почетокот на аферата е снимен при посебните истражни мерки како се заканува во премиерскиот кабинет со снимки добиени од странски служби. Потоа се обиде да се оправда дека лажел како обид да ги заштити „вистинските патриоти“ во домашните служби.

Zaev bomba 10 (Custom)Заев со актуелните пет прес конференции се обидува да го стави во заборав писмото чија содржина „истече“ од истрагата. За потсетување, содржината на писмото, пишувано на рака и носено со доверлив „поштар“ од Заев до Верушевски, посочува за работа со пријатели од надвор, се наведува премиер, амбасадор, луѓе на високи позиции во странска држава, се посочува на итност заради притисок од нив.

Заев за потсетување ја потврди веродостојноста на писмото. Но даде и едно нелогично објаснение. Му фаќал врски на Верушевски за работа во странство!? Едно што верушевски како поранешен разузнувач нема што да работи во странство, туку и каква врска со тоа има реченицата:

„Сега останува само да ми кажете кога можеме да се видиме најбрзо затоа што мораме да дејствуваме и заради пријателите од надвор, но и богами овдека кај нас се очекува да почне процесот на враќање на слободата и демократијата.“

puc

Што со тоа дека Верушевски ќе оди во странство да работи има врска со „враќањето на слободата“? Се поставува прашањето, дали Верушевски, кој според признанието во првиот затворен случај од акцијата „Пуч“ е нарачател на снимките и навел дека биле наменети за странски корисници, одработувал за службите на државата чиј што премиер е од сестринската партија на СДСМ? Експертите по безбедност за Република посочија дека поранешен разузнувач не би можел да работи ништо друго освен да им биде од корист на странските разузнавачи.

Дури во последниот од низата настапи полни со контрадикторности посочи дека двајца разузнавачи сокрил пренесувајќи ги во странската држава, а за Верушевски бил спречен на време. Па додава дека и двајцата во иднина ги планирал за сведоци, во некој наводен процес.

Тоа е можно само ако Заев, со знаење и аминување на премиерот на таа држава, соработува со тајната разузнувачка служба на таа држава против сопствената држава. Со тоа Заев ја бетонираше оправданоста на акцијата „Пуч“, дека соработувал и учествувал во делување на странски служби при незаконско прислушување на државно политичкиот врв, за потоа со монтирање на снимките и со помош на странската држава и разузнавачка служба да се дестабилизира Република Македонија во корист на интересите на странските служби. Претставени како приоритети на Заев.

zaev-bomba-5

Понатаму, емитувајќи забава на секои три дена, Заев повторно манипулира со јавноста за одговорите колкумина се прислушувани и кој се е прислушуван. Никој не доби одговор како тоа, доколку нарачатели на снимањата е власта или ВМРО- ДПМНЕ, да се снимани само државно-политичкиот врв и „режимските“ новинари? Зошто нема ниедно тонско парче за тоа за што и како комуницирале лидерите на опозицијата меѓу себе, за тоа што тие комуницирале со медиумите контролирани од Павел Шатев, а финансирани од фондацијата на Сорос? Дали само делењето на досиеја во папки со наводно Це-Де треба да убеди во наводното следење? Или можеби е договорено сценарио во кое тие земаат „документот“ а потоа ја шират приказната со „да, точно е се, ние сме биле следени“?

Исто како што треба да му се верува дека само Заев ги преслушува и пакува материјалите, па затоа му биле црвени очите. Само уште да можеа да си ги држат устите затворени сите оние аналитичари и членови на СДСМ од улицата Павел Шатев, кои со секој настап на медиумите се фалат како ги преслушувале сите разговори.

Како да веруваме дека било што од посоченото на Заев е точно, односно дека сиот овој циркус го предизвикува за да се спаси од процесот против него заради спречен обид за тивок преврат?  Во сите настапи на Заев до сега на медиумите контролирани од партискиот штаб на СДСМ Заев бега од овие одговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top