Падот на цените на нафтата на светските берзи почна да влијае на благосотојбата во Норвешка. Во таа земја, по деценија од енергетскиот бум, според проценките на економистите се надѕира почетокот на рецесите во индустријата на нафта и гас.
Околу илјада вработени во нафтениот сектор останаа без рабора, намален е бројот нахелихоптери кои пренесуваат работници на платформите во Северното море.
Економистите предвидуваат дека тоа е почеток на долга рецесија во енергетската индустрија која ја сочинува 15 отсто од норвешката економија, а дава повеќе од половина извоз и 80 отсто од државните приходи.
Високите плати, најдоброто здравствено осигурување во светот, долги летни одмор и привилегии на норвешките работници наскоро може да станат минато.
Проблемите на енергетската индустрија ќе се одразат и на пошироката економија на Норвешка. Отпуштањата ќе значат помалку деловни патувања низ земјата, односно помалку работа за рестораните и хотелите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.