| четврток, 6 декември 2018 |

Машкиот и женскиот мозок навистина се разликуваат

mozok mazi i zeni

Долго време се сметаше дека машкиот и женскиот мозок се различни, а швајцарските научници сега имаат нови докази кои тоа го потврдуваат.

Резултатите од истражувањата говорат за тоа дека жените емотивните фотографии ги доживуваат постимулативно отколку мажите, а полесно ги паметат отколку мажите.

Истражувањето било спроведено на 3.398 лица во организација на Универзитетот во Базел, за да се утврди која е врската меѓу емоциите, сеќавањата и мозочната активност.

Исто така, фокусот бил на различното доживување меѓу половите.

– Различното доживување на фотографиите покажува дека кај мажите и жените има различни механизми – изјави Анет Милник.

Поранешните истражувања сугерираат и тоа дека нашите емоции влијаат на нашите сеќавања, односно колку ситуацијата е поемотивно, толку се поголеми шансите да ја запамтиме.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top