– Не се планира апсење на лидерот на опозицијата Зоран Заев – изјави денеска премиерот Никола Груевски на новинарско прашање како ја коментира изјавата на поранешниот известувач за Македонија во Европарламентот, Ричард Ховит, дека дел од европратениците се загрижени поради можноста за апсење на претседателот на СДСМ.
Тој рече и дека нема да го прифати барањето на Здружението на новинарите на Македонија да даде оставка од функцијата премиер поради обвинувањата од СДСМ дека власта прислушувала повеќе од сто новинари.
На новинарските прашања поврзани со содржината на објавените аудоснимки, спрегата меѓу извршната и судската власт и одредени медиуми, како и упадот на странски служби во безбедносниот систем на Македонија, даде само куси одговори. „На ова прашање одговорив на мојата прес-конференција во средата, на која одговорив на сите прашања на новинарите, до последното, вклучително и на ова, така што нема што да додадам“, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата