Продолжуваат манипулациите од центарот на СДСМ на Павел Шатев. Зоран Заев денеска, под притисок на признанието на еден од соработниците на странските служби, продолжи со шоуто со емитување на наводни телефонски разговори.
Ако на почетокот тврдеше дека „власта ја следела опозицијата, а повремено и членови на власта, сега излегува дека наместо Заев, „најсниман“ телефонски глас е оној на премиерот Никола Груевски. Уште повеќе, Заев тврдеше дека тоа што нема снимки од Никола Груевски тоа јасно го посочува „нарачателот“ на незаконското снимање.
Со денешното шоу на Заев во вода му падна „Крунскиот доказ“ за тоа од каде му се снимките, кој бил нарачателот, извршителот, целта на следење на комуникациите, како и за кои цели се вршени снимањата.
Прво, Заев се негираше себе си дека монтираните материјали му се од странски служби, што по признавањето на учесник во операцијата се потврдува тоа што и самиот му го вели на премиерот во моментите кога му се заканува со снимките и го условува да ги негира изборните резултати.
Второ, Заев денеска го потврди тоа што многумина го тврдат, дека не само што го Никола Груевски и власта биле цел на следење и незаконско прислушување, туку и дека Заев нема поим што се поседува СДСМ од странските оперативци.
Доколку Заев навистина, како што вели, со ноќи, недели и месеци не спиел слушајќи ги материјалите за да види што да се објави, а со што да ја заштити нацијата „од шокови“, тој пред време ќе знаеше дека има на пример најмалку 10 монтирани материјали од разговори на премиерот Никола Груевски. И немаше да посочува неколку пати дека не е снимен „само нарачателот Груевски“.
Притоа, ниту Стево Пендаровски, ниту Сашо Ордановски немаше да се фалат на цел глас дека ги знаат наизуст содржините на снимените материјали. Секако, не заборавајќи да ја поздрават „странската помош“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст