| четврток, 6 декември 2018 |

Цаноски сам призна дека градел над дозволеното, но се бара политичка мотивација во рушењето на нелегално изграденото

kosmos

Фиат Цановски призна дека рушел над дозволеното. Во креираниот материјал што Зоран Заев го објави на денешната прес-конференција, посветена на безаконската градба Космос на Фиат Цановски и нејзиното рушење, премиерот Никола Груевски му вели на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, дека Цаноски сам признава дека го прекршил законот за градба, што им било познато и на странските дипломати во земјава.

Но, иако Цаноски признал дека изградил бесправно метар плус, а според документацијата на Транспорт и врски се работи за повеќе од еден метар, тоа не е доволна причина нелегалното да биде срушено. Само затоа што Цаноски е во опозиција. Дали тоа значи дека опозицијата треба да биде поштедена од казни за нелегални дејствија само затоа што било каква санкција ќе се сфати како политички мотивиран случај?!

По донесувањето на решението за отстранување на објектот Космос,Фиат поднесува елаборат за фактичка состојба до Општината со кој што потврдува дека објектот е изграден спротивно на издаденото одобрение за градба. Со овој чин самиот Фиат призна дека работел против законот. Исто така во тој период Фиат должел 3 милиони евра за комуналии за градба кон град Скопје. Во тоа време и Градежниот инспекторат потврди дека Фиат Цановски градел спротивно на одобрениот проект и законот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top