Крис Џенер, мајката и менаџер на ѕвездите Кардашијан, обезбедила нов договор од 100 милиони долари за да продолжи да се појавува заедно со ќерките на телевизискиот екран.
Крис Џенер и нејзините ќерки Ким Кардашијан Вест, Клои Кардашијан, Кортни Кардашијан, Кендал Џенер и Кајли Џенер се ѕвездите на телевизиското реално шоу „Keep Up with the Kardashians“ на телевизијата E.
Договорот е за минимум уште четири сезони на семејното шоу и во него не е вклучен поранешниот сопруг на Крис Џенер, Брус Џенер, кој се очекува да го напушти семејното реално шоу по следната сезона.
Се зборува дека Брус Џенер ќе почне свое реално шоу, во кое ќе ги документира шпекулациите за неговата промена на полот.
Мајката во кланот Кардашијан поднесе барање за развод.
Во договорот не е вклучен и раперот Кањие Вест, сопругот на Ким Кардашијан, кој ќе продолжи повремено да се појавува во новите сезони на шоуто.
Договорот предвидува солиден хонорар за основачот на „Keep Up with the Kardashians“, Рајан Сикрест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Настапот пред кој замолкна светот: 11 годишно девојче одушеви во новото шоу „World of Dance“ (Видео)
-
Ова дете ги шокираше сите: Знае да чита мисли, го откри и полот на бебето на Ана (видео)
-
Скандал во реалното шоу „Фарма“: Камерата ја „фати“ Јелена како орално го задоволува менаџерот? (галерија)
-
„Ноќ на невестите“ по петти пат