| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија на светски конгрес за автомобилска индустрија

Можностите за автомобилската индустрија во Македонија на North American International Auto Show (NAIAS) во Детроит.

На конгресот во пресрет на најважниот годишен автомобилски настан во светот North American International Auto Show (NAIAS), македонскиот штанд бил интересен за голем број компании меѓу кои и неколку кои претходно контактирале со Директорот на ТИРЗ Виктор Мизо и економскиот промотор Дејан Величков. Компаниите нивното присуство го оцениле „како пример за држава која работи активно на промоција и привлекување странски инвестиции“, соопшти Дирекцијата за ТИРЗ.

Освен Македонија, со свои штандови на конгресот за перспективите и глобалните трендови на индустријата во 2013 година се претставија и Канада, Англија и региони како Вирџинија и Луизијана. Учествуваа над 1.000 делегати од производители на автомобили и водечки производители на компоненти за автомобилска индустрија од цел свет, како што се Форд, Ауди, Крајслер, Хонда, Хјундаи, БМВ, но и глобални производители на делови како Денсо, Континентал, Магна, Брос, Борг Варнер и Џонсон Контролс кој веќе има две фабрики во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top