| четврток, 6 декември 2018 |

Макаби во дербито го победи Панатенаикос, Звезда имаше сили само за една четвртина

Вчера во кошаркарската Евролига беа одиграни првите четири натпревари од осмото коло од втората групна фаза.

REAL MADRID VS. RED STAR BELGRADE

Црвена Звезда имаше сили само за една четвртина против апосултниот фаворит Реал Мадрид губејќи со високи 24 разлика (85-61).
Гостите од Белград му парираа Реал Мадрид само во првата четвртина која дури успеаја и да ја добијат со 18-16. Во продолжението од натпревар се си дојде на свое место, па Фернандез и другарите буквално ги декаласираа црвено-белите.
Најефикасни во редовите на кралскиот клуб беа Керол со 17 поени, Руди Фернандез со 15 и Серхио Родригез со 13, додека на Црвена Звезда единствена свтла точка беше центарот Марјановиќ со дабл-дабл учинок од 21 поен и 13 скокови.
Со оваа победа Реал се зацврсна на врвот на табелата во групата Е со само еден пораз од осум натпревари.

Maccabi Electra Tel Aviv vs Alba Berlin

Во дербито на ова коло во Тел Авив Макаби со тешки маки го победи директниот конкурент за втората позиција Панатенаикос со 73-70. Со оваа победа кошаркарите на Макаби избија на второто место на табелата во Е групата, но Панатинаикос и натаму е најсериозниот ривал во трката за позицијата зад лидерот Реал Мадрид.
Џереми Парго со 16 поени беше лидер во својот тим, додека кај гостите од Атина Јанковиќ со 16 и Папас со 15 поени беа носители на играта.

Жалгирис стигна до третата победа во Топ 16 откако на домашен терен забележа победа од 72:59 над Галатасарај. Натпреварот беше решен уште во првата четвртина кога Литванците слеавеа со 23-8, предност што ја задржа до крајот на мечот.

Италијанскиот претставник Емпорио Армани му се одмазди на Нижни за поразот во првото коло, славејќи на гостувањето во Русија со 76-85. Фантастичен на овој натпревар беше гостинскиот кошаркар Самардо Самуелс, кој го заврши дуелот со 36 поени, 9 скокови и една асистенција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top