| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случува кога двојки се гледаат в очи четири минути (видео)

untitledface-1024x512

Шест двојки. Четири минути. Одличен резултат.

„Њујорк тајмс“ минатиот месец објави напис, во кој опишува експеримент во кој две лица се гледаат в очи четири минути. Во теорија, на крајот на овој период секој човек треба да се чувствува поблиску и повеќе поврзан со другиот, без разлика на нивната врска еден со друг пред почетокот на експериментот.

Инспириран од статијата, корисникот на „Јутјуб“, „Соулпанкејк“ (SoulPancake), собра шест двојки за да ја тестира теоријата. Меѓу нив има и двојки што не се познаваат, двојки што излегуваат на четврта средба, како и семејство кое е заедно веќе 55 години. Секоја двојка има на располагање изолирана соба, во која четири минути треба да седат во тишина и секој да гледа в очите на другиот. На крајот на експериментот учесниците дури изгледаат изненадени од резултатите.

Погледнете го видеото:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top