| четврток, 6 декември 2018 |

„Сваровски“ се сели од Кина и од Чешка во Србија и во Австрија

swarovski

Австрискиот концерн „Сваровски“ ќе ги затвори своите производни погони во Кина и во Чешка и производството ќе го концентрира во Австрија и Србија, соопшти компанијата.

Во кинескиот Јингшангу со одллука на „Сваровски“ ќе бидат затворени 200 работни места, а во Чешка 75.

– По сеопфатна промена на меѓународната стратегија за производство, следните месеци производството ќе биде од седиштето во Ватенс во Австрија и од новиот погон во Србија – соопштија од компанијата.

Погоните во Кина и во Чешка ќе бидат затворени, најавува „Сваровски“ во соопштение. Во изминатите месеци  се анализирани производствените погони во странство, при што, истакнува „Сваровски“, условите за конкурентност во Кина го отежнуваат производство на концернот под сопствените високи бизнис, етички и квалитативни стандарди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top