| четврток, 6 декември 2018 |

Колкава е минималната плата во европските земји?

евра

Минималните плати во Европската унија се движат од 184 евра во Бугарија до 1.923 во Луксембург, покажуваат податоците на „Евростат“.

Минималната плата е законски пропишана во 22 од 28 земји-членки на Европската унија (ЕУ). Во земјите каде што минималната плата законски не е пропишана, направена е пресметка според вообичаените работни часови месечно.

Иако разликите во минималната плата се чинат прилично големи, кога се разгледуваат од аспект на куповната моќ, односно кога ќе се земат предвид разликите во цените, односот меѓу најмалата и најголемата минимална плата е еден спрема четири.

Членките на ЕУ, според износот на минималната плата, може да се поделат во три групи.

Во групата со минимална плата до 500 евра се: Бугарија (184), Романија (218), Летонија (300), Чешка (332), Унгарија (333), Латвија (360), Словачка (380), Естонија (390), Хрватска (396) и Полска (410).

Во втората група се земји со минимална плата од 500 до 1.000 евра: Португалија (589), Грција (684), Малта (720), Шпанија (757) и Словенија (791).

Во другите седум земји-членки на ЕУ минималната плата е над 1.000 евра: Велика Британија (1.379), Франција (1.458), Ирска (1.462), Германија (1.473), Белгија и Холандија (1.502) и Луксембург (1.923).

За споредба, минималната плата во САД во јануари 2015 година е 1.035 евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top