| четврток, 6 декември 2018 |

Гушни ја реткоста – одбележување на Меѓународниот ден на ретки болести

 

ретки
Под мотото „Ден за ден, рака под рака“ денеска Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“ ќе го одбележи Меѓународниот ден на ретки болести. Целта е да се подигне јавната свест за ретките болести и влијанието што го имаат на квалитетот на живот на пациентите.Во рамки на одбележувањето ќе биде отворена и изложба „Гушни ја реткоста“, која е во продукција на „Лице в лице“ и е направена во соработка со агенцијата „Холистик“, здружението „Живот за предизвици“ и Националната алијанса за ретки болести.

Денот на ретки болести за првпат беше одбележан во 2008 година, кога во светот се организираа повеќе од 1.000 настани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top