Многу пострашно е тоа што земјата е нападната однатре, смета актерот Тони Михајловски. Тој на синоќешната трибина на ГДОМ во Кавадарци порача:
„Како народ најмногу сме пателе од сопствените злосторства. Реченицата на Гоце Делчев дека не видел народ кој толку пател од домашните злосторства како македонскиот одамна не била поточна“.
На другата страна, додаде Михајловски, имаме докажани кукавици и предавници. Во деведесеттите го предадоа името, веднаш потоа знамето, а со самото тоа го предадоа и народот.
Побара да се објават ако има снимени разговори, кои ќе ги откријат тајните за атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров и за смртта на Борис Трајковски.
Во Граѓанското движење за одбрана на Македонија членуваат историчари, научници, професори, новинари, глумци и други интелектуалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст