Германскиот болничар, кој пред неколку месеци ја вознемири тамошната јавноста со признанијата дека е одговорен за смртта на триесетина пациенти, денеска е осуден за убиство на двајца пациенти, за што ќе лежи доживотно во затвор. Дополнително би можело да му се суди и за злосторства над повеќе десетици пациенти на болницата во Делменхорст во којашто работел.
Триесет и осум годишниот болничар, именуван во медиумите како Ниелс Х., е обвинет дека во периодот меѓу 2003 и 2005 година им давал инјекции на тешко болни пациенти за да може да ги реанимира за да го предизвика восхитот на своите колеги и надредени во неговата способност да го изведува овој медицински зафат, а од пациентите и нивните семејства да добие благодарност што ги спасил од смрт.
Иако беше обвинет за три, докажани му се две убиства, бидејќи за третото немало доволно докази,
Меѓутоа, психијатрискиот вештак на претходното рочиште кон средината на јануари изјави пред судот дека Ниелс му признал дека ја предизвикал смртта на 30 пациенти, додека 60 на коишто им ја вбризгал смртоносната инјекција преживеале.
Постојат сомневања и дека бројот на неговите жртви е далеку поголем. Полициската истрагата вклучува најмалку 200 смртни случаи, вклучително и во клиники во кои претходно работел.
Ниелс признал дека 30 повозрасни пациенти починале по инјектирањето на лек за срце, но не говорел за поединостите. На минатото рочиште ја опиша својата психичка состојба во моментот кога на пациентите им го вбризгувал потенцијално смртоносниот лек.
„Бев многу возбуден и го имав она чувство дека нешто ќе се случи“, рекол. Појаснил дека кога ќе успеел да го реанимира пациентот се чувствувал многу добро, а кога тоа нема да му пошло од рака бил „скршен“. По смртоносните исходи често носел одлука дека нема повеќе да ја повторува истата грешка, но тоа чувство кај него не се здржувало долго.
Нилес Х. од 2008 година служи седум ипол-годишна затворска казна, по пресудата од истата година според која е прогласен виновен за обид за убиство во болницата во Делменхорст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст